Против поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, миланската судијка Тицијана Сицилијано, покрена ново обвинување поради корупција и измама на правниот систем.
Таа тврди дека контраверзниот политичар на стриптизетите и проститутките кои присуствувале на неговите бунга-бунга забави во вилата „Аркоре“ кај Милано им платил 10 милиони евра за да лажат и молчат за неговите кривични дела.
Како што наведува Сицилијано, до новите докази се стигнало додека се испитувал случајот на проституција на Карима ел Махруг, Мароканката позната под пвсендонимот Руби. Иако на Берлуксони веќе му е судено поради тоа што плаќал за секс на забавите додека била малолетна, тај е ослободен бидејќи е докажано дека наводно не знаел дека имала помалку од 18 години.
Фаталата Руби сведочела на суд дека немала сексуални односи со Берлускони, што е во спротивност со снимките на кои тврдела дека биле интимни и тоа често.
-Истражувањето на докажите кои ги пружиле сведоците покажало дека Берлускони само на Карима и дал 7 милиони евра, што во пари, што во подароци, како би молчела за нивната афера. Тој 3 милиони евра им дал на другите сведоци. Против сите се подигнати обвиненија за корупција – рекла Сицилијано.
Адвокатите на Берлкускони велат дека подароците кои ги давал не докажуваат ништо освен неговата великодушност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.