Најразлични предмети и градежни материјали секојдневно се вадат од канализациската мрежа во Скопје.Ова е е еден од најголемите проблеми со кои се соочува Јавното претпријатие Водовод и канализација.
Дел од граѓаните мора да сфатат дека сите линии и мрежи кои ги одржуваме се на сите нас, на градот, а ние живееме во него. Сите имаме бенефит мрежите да не се затнуваат или оштетуваат.
-Имаме реален проблем со фрлање на отпадоци и цврсти предмети од страна на несовесни граѓани во нашите мрежи, а најмногу во канализационите мрежи. ЈП Водовод и канализација интервенира често и секојдневно се соочуваме со овој проблем. Притоа од мрежата се вадат, различни цврсти предмети, дури и цели казанчиња, ќебиња, јамболии, кожи, коски, зелки, камења, цели душеци, кабли, дрва, трупци, градежен шут и други неразградливи материјали. Сите овие работи го намалуваат капацитетот на самата мрежа, истата може да се затне и потоа да се поплави самата улица или да се случи поголема штета кај граѓаните, вели директорот на Јавното претпријатие Водовод, Александар Атанасов во интервју за Скопје Инфо.
Вакви случаи најчесто има во периферниот дел од Градот Скопје, но нема правила, секаде наидуваме на вакви отпадоци.Што се однесува за периодот во кој се фрлаат ваквите отпадоци најмногу, може да се каже дека периодот на завршување на зимата и почетокот на пролетта е нај критичен, поради фрлањето на зимницата и околу празниците и славите, каде се конзумира месо, а потоа остатокот се фрла во канализацијата, од таму и многуте коски и кожи кои ги пронаоѓаат нашите екипи во системот.
-Исто така би сакале да нагласиме и воедно да упатиме апел до граѓаните, дека најголем проблем ни создаваат влажните марамчиња кои се фрлаат во мрежата и таквите слични материјали, бидејќи тие не се разградливи и притоа доаѓа до запушување на мрежата. Значи не разградливоста на овие материјали е причината поради која треба да се избегнува да се фрлаат во мрежата. Токму затоа и ваков апел до корисниците вметнавме и во самите сметки, во кои се потенцира дека влажните марамчиња не треба да се фрлаат во мрежата, напоменува Атанасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.