Ракометната селекција на Словенија за првпат во својата историја стигна до медал на едно Светско првенство, откако во малото финале славеше епска победа над Хрватска со 31-30. Дефинитивно најзаслужен за овој голем успех на словенечката нација е селекторот Веселин Вујовиќ, кој по завршувањето на Мундијалот во Франција откри за која репрезентација би го сменил селекторското столче.
– Нема да бидам искрен ако ви речам дека не сакам да ја водам Хрватска. Не знам колку е тоа реално во овој момент, но во иднина можеби да. Се разбира постојат договори и ветување кои мора да се испочитуваат – вели Вујовиќ.
Популарниот Вујо во својата богата тренерса кариера, покрај тоа што има водено голем број на клубови, беше и селектор на Југославија, Црна Гора, Македонија, а од 2015 година е предводник на репрезентацијата на Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.