| четврток, 6 декември 2018 |

Турски театар в среда репризно ќе ја изведе „Отело“

НУ Турски театар, в среда со почеток во 20 часот, ќе ја изведе репризата на претставата „Отело“ од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски. Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со титл на македонски јазик.

Режијата е на Дејан Пројковски, Кореографија: Олга Панго, Музика: Горан Трајковски, Сценограф: Татјана Христоска Блажевска, Костимограф: Тања Кларис, Превод: Оздемир Нутку, Главен соработник на режија: Сибел Абдиу, Асистент на режија: Теодора Силјановска, Асистент на сценографија: Милан Несторов, Кунг фу мајстор: Влатко Здравковски.

Улогите ги толкуваат: ОТЕЛО: Џенап Самет, ДЕЗДЕМОНА: Сузан Акбелге, ЈАГО: Селпин Керим, КАСИО: Осман Али, ЕМИЛИЈА: Зубејде Али, РОДРИГО: Неат Али.

-Оваа режисерска експликација сакам да ја посветам на  актерите и сите колеги зад сцената со кои ги создаваме нашите заеднички соништа. За актерите со кои се разбираме со поглед, со дишење , со отчукувањата на срцата….за актерите кои живеат за мигот , за она неразбирливото , за она што не се кажува со зборови , за оној свет во која што ако не веруваш неможе да постои. За Селпин, Џенап, Сузан, Осман, Зубејде, Неат…за актерите со кои ги градиме и создаваме соништата. Секое креирање на  нова претстава со нив, само ми потврдува дека сеуште има актери кои посветено работат и живеат во име на театарот…во име на МИГОТ кој го создаваме…МИГОТ наречен театар. Токму затоа оваа режисерска експликација е за моите актери преку кои јас и вие драга публико ја слушаме ТИШИНАТА НА СЦЕНАТА, вели Дејан Пројковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top