| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Тасиќ: Ин­фек­ци­ја­та на дол­ни­те моч­ни па­ти­шта не се ле­ку­ва со ан­ти­би­о­тик

Кај ин­фек­ци­и­те што ги за­фа­ќа­ат гор­ни­те бу­бреж­ни пар­тии мо­ра да се да­де ан­ти­би­о­тик. Да­ва­ње­то ан­ти­би­о­тик за­ви­си од про­це­на­та на до­кто­рот, ве­ли д-р Та­сиќ

Ба­кте­ри­ја­та еше­ри­хи­ја ко­ли е нај­чест при­чи­ни­тел на ури­нар­ни ин­фек­ции, ка­ко кај во­зрас­ни­те, та­ка и кај де­ца­та. Таа жи­вее во цре­ва­та на ор­га­низ­мот. Ури­нар­на ин­фек­ци­ја на дол­ни­те моч­ни па­ти­шта, на ба­бу­ле­то, не се ле­ку­ва со ан­ти­би­о­ти­ци. Се ле­ку­ва со одре­де­ни хе­ми­о­те­ра­пе­вти­ци, кои не­ма­ат би­о­ло­шки ефект ка­ко ан­ти­би­о­ти­ци­те, а ги уни­шту­ва­ат са­мо ба­кте­ри­и­те што пре­диз­ви­ку­ва­ат ури­нар­ни ин­фек­ции. Кај ин­фек­ци­и­те што ги за­фа­ќа­ат гор­ни­те бу­бреж­ни пар­тии мо­ра да се да­де ан­ти­би­о­тик, ве­ли про­фе­сор д-р Ве­ли­бор Та­сиќ, до­ктор по ме­ди­цин­ски на­у­ки од об­ла­ста на дет­ска­та не­фро­ло­ги­ја, на Кли­ни­ка­та за дет­ски бо­ле­сти во Скоп­је.

Ка­ква ба­кте­ри­ја е еше­ри­хи­ја ко­ли? Ка­ко се до­би­ва и да­ли ја има во на­ши­от ор­га­ни­зам?

ТА­СИЌ: Еше­ри­хи­ја ко­ли е нај­че­ста­та ба­кте­ри­ја што пре­диз­ви­ку­ва ури­нар­ни ин­фек­ции. Таа е на­ша ба­кте­ри­ја, жи­вее во цре­ва­та, во цр­ве­ни­от си­стем, а кај де­вој­чи­ња­та мно­гу лес­но се на­се­лу­ва на над­во­реш­ни­те ге­ни­та­лии. От­та­му мно­гу лес­но мо­же да нав­ле­зе во моч­ни­от ме­ур, ка­де што ќе се разм­но­жи. Зна­чи, ако има­ме не­кој фа­ктор што ќе овоз­мо­жи не­кри­тич­но, го­ле­мо разм­но­жу­ва­ње на ба­кте­ри­ја­та, таа ќе до­стиг­не по­ве­ќе од 100 ил­ја­ди и то­гаш мо­же да да­де симп­то­ми за ури­нар­на ин­фек­ци­ја. Но, тре­ба да се пра­ви раз­ли­ка ме­ѓу еше­ри­хи­ја ко­ли што пра­ви ин­фек­ци­ја и ед­на дру­га еше­ри­хи­ја што жи­вее во ор­га­низ­мот, но не пра­ви ни­ка­кви симп­то­ми. Таа си­ту­а­ци­ја се на­ре­ку­ва асимп­то­мат­ска ба­кте­ри­ја и не смее да се ле­ку­ва. Го­ле­ма гре­шка е што не­кои на­ши ко­ле­ги таа си­ту­а­ци­ја ко­га по­стои еше­ри­хи­ја ко­ли во го­ле­ми ко­ли­чес­тва, над 100 ил­ја­ди во по­ве­ќе ури­но­кул­ту­ри, за жал, ја ле­ку­ва­ат, но таа ни­ко­гаш не мо­же да се из­ле­ку­ва. Се да­ва­ат ан­ти­би­о­ти­ци по­ве­ќе па­ти. И што се слу­чу­ва? Пос­лед­ни­от пат таа ќе би­де сов­ла­да­на со ан­ти­би­о­ти­ци, но на неј­зи­но ме­сто ќе се на­се­лат мно­гу опас­ни ба­кте­рии, ка­ко што се псе­у­до­мо­нас, клеб­си­е­ла, и ду­ри то­гаш де­те­то ќе до­бие симп­то­ми на ури­нар­на ин­фек­ци­ја ко­ја мо­же да до­ве­де до оште­ту­ва­ње на бу­бре­зи­те.

Да­ли ова е нај­че­ста­та ури­нар­на ин­фек­ци­ја?

ТА­СИЌ: Ури­нар­ни­те ин­фек­ции нај­че­сто се пре­диз­ви­ка­ни од еше­ри­хи­ја ко­ли. Осум­де­сет до осум­де­сет и пет про­цен­ти од ури­нар­ни­те ин­фек­ции се пре­диз­ви­ка­ни од оваа ба­кте­ри­ја.

Ка­ко се ле­ку­ва?

ТА­СИЌ: Се ле­ку­ва со да­ва­ње ан­ти­би­о­тик. Пр­во тре­ба да се по­ста­ви ди­јаг­но­за. Нај­бит­но е пр­во да се про­це­ни да­ли де­те­то има симп­то­ми на ури­нар­на ин­фек­ци­ја. Кои се симп­то­ми­те? Тоа се бол­но мо­кре­ње, че­сто мо­кре­ње, мо­кре­ње во ма­ли ко­ли­чи­ни, че­сти на­го­ни. Не­ко­гаш тоа мо­же да би­де прос­ле­де­но и со крв во ури­на­та, а мно­гу че­сто се по­ја­ву­ва ноќ­но мо­ре­ње и кај ма­ли де­ца што во­о­би­ча­е­но би­ле су­ви во те­кот на но­ќта. То­гаш тре­ба да се по­сом­не­ва­ме во ури­нар­на ин­фек­ци­ја. Ури­нар­на­та ин­фек­ци­ја на дол­ни­те моч­ни па­ти­шта, на ба­бу­ле­то, не се ле­ку­ва со ан­ти­би­о­ти­ци. Се ле­ку­ва со одре­де­ни хе­ми­о­те­ра­пе­вти­ци, кои не­ма­ат би­о­ло­шки ефект ка­ко ан­ти­би­о­ти­ци­те, а ги уни­шту­ва­ат са­мо ба­кте­ри­и­те што пре­диз­ви­ку­ва­ат ури­нар­ни ин­фек­ции. Кај ин­фек­ци­и­те што ги за­фа­ќа­ат гор­ни­те бу­бреж­ни пар­тии мо­ра да се да­де ан­ти­би­о­тик. Да­ва­ње­то ан­ти­би­о­тик за­ви­си од про­це­на­та на до­кто­рот. Ако се ра­бо­ти за те­шка кли­нич­ка сли­ка, ако де­те­то по­вра­ќа и не мо­же да го вне­се ан­ти­би­о­ти­кот пре­ку уста, то­гаш пр­во тре­ба да се по­ста­ви вен­ска ли­ни­ја, па­ци­ен­тот мо­ра до­бро да се хи­дри­ра, да се вне­сат теч­но­сти и еле­ктро­ли­ти, што ќе по­мог­не и при по­ка­че­на тем­пе­ра­ту­ра, а по­на­та­му и ан­ти­би­о­тик за да се по­стиг­не бр­за и ефи­кас­на кон­цен­тра­ци­ја. По­лес­ни ин­фек­ции на гор­ни­те моч­ни па­ти­шта мо­же да се ле­ку­ва­ат и со ан­ти­би­о­ти­ци што се зе­ма­ат пре­ку уста.

Velibor Tasic - IMG_6280 (Custom)

По­лес­ни ин­фек­ции на гор­ни­те моч­ни па­ти­шта мо­же да се ле­ку­ва­ат и со ан­ти­би­о­ти­ци што се зе­ма­ат пре­ку уста, вели д-р Тасиќ

Ка­ко ќе зна­е­ме де­ка сме ја иско­ре­ни­ле ин­фек­ци­ја­та?

ТА­СИЌ: Мно­гу лес­но. Пр­во има пов­ле­ку­ва­ње на кли­нич­ки­те симп­то­ми. Ако се ра­бо­ти за ин­фек­ци­ја на дол­ни­те па­ти­шта, ко­ја се на­ре­ку­ва ци­стит, де­те­то за два-три де­на има пов­ле­ку­ва­ње на симп­то­ми­те на че­сто, отеж­на­то и бол­но мо­кре­ње. Пр­ва и ос­нов­на ра­бо­та, ури­на­та ќе се из­би­стри. Тоа што ро­ди­те­лот мо­же да го на­пра­ви сам е да за­бе­ле­жи де­ка ури­на­та кај де­те­то е за­ма­те­на, не­про­ѕир­на. Тре­ба да се пра­ви раз­ли­ка ме­ѓу кон­цен­три­ра­на и мат­на, не­транс­па­рет­на ури­на. Кај ури­нар­на ин­фек­ци­ја по­стои не­про­ѕир­на ури­на и при­сус­тво на ле­у­ко­ци­ти. ЦРП кај ин­фек­ции на дол­ни­те моч­ни па­ти­шта е нор­мал­но. Кај ин­фек­ци­ја на бу­бре­зи­те ЦРП е по­ка­че­но и мо­же да до­стиг­не астро­ном­ски вред­но­сти 100, 200, 300 ми­ли­гра­ми на ли­тар (нор­мал­но е до 10).

Да­ли е по­че­ста кај мом­чи­ња­та или кај де­вој­чи­ња­та?

ТА­СИЌ: Кај но­во­ро­ден­чи­ња­та и кај бе­би­ња­та е по­че­ста кај ма­шки­те би­деј­ќи та­му се ра­бо­ти за вро­де­ни мал­фор­ма­ции. Кај по­го­ле­ми­те де­ца е по­че­ста кај де­вој­чи­ња­та по­ра­ди ка­ра­кте­ри­сти­ки­те на жен­ска­та моч­на це­вка, ко­ја е по­ши­ро­ка, по­кра­тка и ба­кте­ри­и­те од ге­ни­тал­на­та ре­ги­ја мно­гу лес­но мо­же да нав­ле­зат во моч­ни­от ме­ур. Де­вој­чи­ња­та мно­гу че­сто др­жат ури­на, по шест до осум ча­са, осо­бе­но школ­ски­те де­ца што не са­ка­ат да ги ко­ри­стат учи­лиш­ни­те то­а­ле­ти. Не­кои де­ца не­ма­ат ни­ка­ква бу­бреж­на ма­на, ни­ка­ков пре­дис­по­ни­рач­ки фа­ктор да на­пра­ви ин­фек­ци­ја, но не одат во то­а­лет до­де­ка се на учи­ли­ште. И то­гаш, и да има ба­кте­рии, тие не мо­жат да се исфр­лат. Нај­до­бар ме­ха­ни­зам не е ан­ти­би­о­тик, ту­ку до­бра уро­ди­на­ми­ка. Ако моч­ни­от ме­ур не се праз­ни, то­гаш тој ста­ну­ва ба­ра и во не­го ви­ре­ат ба­кте­рии.

Да­ли ноќ­но­то мо­кре­ње мо­же да би­де еден од пре­диз­ви­ку­ва­чи­те за по­ја­ва на еше­ри­хи­ја ко­ли?

ТА­СИЌ: Ноќ­но­то мо­кре­ње во­оп­што не е пре­диз­ви­ку­вач на ури­нар­ни ин­фек­ции. Тоа мо­же да би­де пос­ле­ди­ца на ури­нар­на ин­фек­ци­ја.

Зо­што мо­же да би­де опас­на за здрав­је­то на де­ца­та?

ТА­СИЌ: Ури­нар­на­та ин­фек­ци­ја мо­же да би­де опас­на за здрав­је­то по­себ­но ако е асо­ци­ра­на со не­ка­ква ма­на на бу­бре­зи­те и на моч­ни­те па­ти­шта. Ин­фек­ци­ја­та што ги до­стиг­ну­ва бу­бре­зи­те ние ја на­ре­ку­ва­ме пи­е­ло­не­фри­тис и таа во­ди до оште­ту­ва­ње на бу­бреж­но­то тка­е­ње. Ако ин­фек­ци­и­те се на два­та бу­бре­га и ако по­стои не­ка­ков фа­ктор, а тоа е нај­че­сто реф­лукс, од­нос­но вра­ќа­ње на ури­на­та во бу­бре­зи­те или, ка­ко што ве­ли­ме на­род­ски, мо­кре­ње во сопс­твен бу­брег, ба­кте­ри­ја­та лес­но се транс­пор­ти­ра во бу­бреж­но­то тка­е­ње. Тоа во­ди до ин­фек­ци­ја и до луз­ни, ед­на или по­ве­ќе, а по­на­та­му ка­ко пос­ле­ди­ца се по­ја­ву­ва хи­пер­тен­зи­ја, по­ја­ва на бел­ко­ви­ни во ури­на­та. Мно­гу чест проб­лем кај бре­ме­ни­те же­ни е по­ја­ва на пре­ек­ламп­си­ја, ко­га труд­ни­ца­та за­па­ѓа во ко­ма, има гр­че­ви (кон­вул­зии) и мо­же да го за­гу­би пло­дот. Ви­со­ки­от кр­вен при­ти­сок то­гаш е мно­гу ви­сок, пре­ку 200 мм жи­вин столб. Де­нес при­мар­ни­те пе­ди­ја­три зна­ат да пре­поз­на­ат ури­нар­на ин­фек­ци­ја, зна­ат да ле­ку­ва­ат.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Де­јан Стан­чев­ски

(интервјуто е објавено во 230. број на Република кој излезе во печат на 27.01.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top