| четврток, 6 декември 2018 |

Мод­ни трен­до­ви за 2017 го­ди­на

Стиг­на 2017 го­ди­на, а тоа зна­чи де­ка е вре­ме за но­ви трен­до­ви. Ин­ди­ви­ду­а­ли­зам, пред сѐ, по­ра­чу­ва­ат мод­ни­те ди­зај­не­ри за оваа го­ди­на

Трен­до­ви, ка­ко и се­ко­ја се­зо­на, има мно­гу. Го­ди­на­ва има сѐ и се­што, а, всуш­ност, ни­што но­во. Трен­до­ви­те се по­вто­ру­ва­ат со го­ди­ни. Мо­же да се ка­же де­ка оваа го­ди­на, ко­га се во пра­ша­ње мод­ни­те трен­до­ви, ќе би­де мно­гу ед­но­став­на. Пар­чи­ња­та об­ле­ка што свет­ски­те поз­на­ти мод­ни ку­ќи ги прет­ста­ви­ја на сво­и­те ре­вии се мно­гу удоб­ни и мо­же да се но­сат ду­ри и во ед­но­став­ни, се­којд­нев­ни ком­би­на­ции. Су­деј­ќи спо­ред се­то тоа што го ви­дов­ме до­се­га, оваа 2017 го­ди­на ќе би­де мир­на го­ди­на, во ко­ја глав­на цел е да се свр­ти­ме кон се­бе. Тоа е вид­ли­во и кај трен­до­ви­те кај кои по­себ­но се истак­ну­ва ин­ди­ви­ду­а­лиз­мот.

Во­ен стил

NEW YORK, NY - SEPTEMBER 15:  Jourdan Dunn walks the runway during the Marc Jacobs Spring 2017 fashion show during New York Fashion Week at the Hammerstein Ballroom on September 15, 2016 in New York City.  (Photo by Dimitrios Kambouris/Getty Images for Marc Jacobs)

Трен­дот во об­ле­ку­ва­ње­то во кој об­ле­ка­та по­тсе­ту­ва на во­ен стил, по­ле­ка по­втор­но се вра­ќа во мо­да. Ста­ну­ва збор за пар­чи­ња об­ле­ка што до­се­га сме ги ви­де­ле ми­ли­он па­ти, но овој пат во друг об­лик. Пре­ов­ла­ду­ва­ат мас­ли­но­во­зе­ле­на бо­ја и ка­фе­на.

Спорт­ски изг­лед

A model walks the runway for the DKNY Women fashion show during New York Fashion Week: The Shows September 2016 at High Line on September 12, 2016 in New York City.

Еден од трен­до­ви­те што ќе го са­ка­ат де­вој­ки­те што обо­жа­ва­ат да но­сат удоб­на и спорт­ска об­ле­ка. Ди­зај­не­ри­те по­ка­жаа де­ка со спорт­ска­та об­ле­ка не мо­ра да изг­ле­да­те ка­ко да сте из­лег­ле од са­ла за веж­ба­ње.

Кар­не­ри

Бо­хо стил и ро­ман­ти­ка и по­на­та­му се при­сут­ни, а тоа е вид­ли­во кај мно­гу ко­лек­ции на мод­ни­те ку­ќи, чи­ја­што об­ле­ка ја кра­сат кар­не­ри, цвет­ни при­ме­ро­ци и ле­ле­а­ва об­ле­ка. Оваа се­зо­на најм­но­гу ќе се истак­ну­ва­ат кар­не­ри на­се­ка­де – на ма­и­ци, блу­зи, фу­ста­ни.

Про­ѕир­на об­ле­ка

Трен­дот на про­ѕир­на об­ле­ка оваа се­зо­на до­а­ѓа во мал­ку из­ме­нет об­лик. Цел­та е да се по­ка­же ко­жа­та, но на суп­ти­лен на­чин и без вул­гар­но­сти.

Наг­ла­се­ни или, пак, го­ли ра­ме­на

PARIS, FRANCE - OCTOBER 02:  A model walks the runway during the Celine show as part of the Paris Fashion Week Womenswear Spring/Summer 2017 on October 2, 2016 in Paris, France.  (Photo by Pascal Le Segretain/Getty Images)

Вра­ќа­ње во ми­на­то­то, од­нос­но 80-ти­те и 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век е го­ле­ма те­ма на го­ди­наш­ни­те трен­до­ви, а освен во све­тот на мо­да­та, овој тренд е при­су­тен и ко­га се во пра­ша­ње шмин­ка­та и фри­зу­ра­та. Мно­гу­број­ни ди­зај­не­ри инс­пи­ра­ци­ја­та за сво­и­те про­лет­ни ко­лек­ции ја нај­доа во 80-ти­те го­ди­ни, а осо­бе­но се истак­ну­ва об­ле­ка­та со наг­ла­се­ни го­ли ра­ме­на.

Дол­ги ра­ка­ви

Пре­ди­мен­зи­о­ни­ра­на­та об­ле­ка е, исто та­ка, ве­чен тренд, а оваа се­зо­на ак­цен­тот е на пре­го­ле­ми­те ма­и­ци, јак­ни, ко­шу­ли со дол­ги ра­ка­ви. Ин­те­рес­но, но ни мал­ку пра­ктич­но.

На­пи­си на об­ле­ка­та

Мно­гу ди­зај­не­ри во сво­и­те ко­лек­ции за се­зо­на­та што до­а­ѓа прет­ста­ви­ја об­ле­ка со ин­те­рес­ни сло­га­ни. И до­де­ка не­кои се ре­ши­ја за ед­но­ста­вен на­пис или, пак, за сопс­тве­но ло­го, дру­ги оти­доа че­кор по­на­та­му, па ре­ши­ја со сво­ја­та об­ле­ка да му ис­пра­тат да све­тот по­ра­ки со со­ци­јал­на или по­ли­тич­ка при­ро­да.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top