Кошаркарите на Карпош Соколи во рамки на 20. коло од АБА лигата славеа на гостински терен во Љубљана откако ја совладаа екипата на Олимпија со резултат од 92-97. Ова воедно беше прва победа на гостински терен сезонава за една македонска екипа во регионалната лига.
Мечот беше решен во драматичен финиш иако „соколите“ имаа и +14 поени предност, за да на крајот во последната минута влезат со негатива од -4 (92-88). Кога се чинеше дека е прокоцкана уште една победа на сцена стапи Трајковски со две тројки и на крај донесе победа со конечен резултат од 92-97.
Драган Зековиќ со 15 поени беше најефикасен во редовите на Карпош Соколи, додека еден поен помалку 14, даде Лабовиќ. Во составот на Унинон Олимпија незадржлив беше Оливер кој мечот го заврши со 30 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.