| четврток, 6 декември 2018 |

Карлос Слим од страната на Трамп: Не плашете, не е терминатор

Мексиканскиот магнат Карлос Слим се обиде да ги смири своите сонародници, уверувајќи ги дека новиот претседател на САД Доналд Трамп „не е терминатор, туку добар преговарач“.

Најбогатиот човек во Мексико нагласи дека неговата земја е во силна позиција во однос на дипломатскиот конфликт со Вашингтон, кој се појави откако Трамп ги објави плановите за изградба на ѕид на границата со Мексико и инсистира Мексико да плати за тоа.

– Преговорите ќе бидат полни со предизивици, тешки. Мексико сепак е најдобриот можен партнер на САД. САД имаа потреба од мексиканските работници, рече Слим на прес-конференција во својата мексиканска канцеларија.

Според милијардерот Трамп „не е терминатор, туку човек кој води преговори“.

– Верувам дека тој е некој, кој добро ги разбира луѓето, интелигентен. Веројатно провоцира, за да го постигне резултатот што го сака, додаде магнатот, кој е четвртиот најбогат човек во светот, според класификацијата на списанието „Форбс“.

Слим се сретна со Трамп во декември. Тој е сопственик на големиот мобилен оператор „Америка мовил“ и е главен акционер во весникот „Њујорк тајмс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top