| четврток, 6 декември 2018 |

И до 80 отсто поевтинување на трошоците за лични документи во Хрватска

Трошоците за издавање на лични документи ќе се намалат од 30 до 80 отсто, доколку хрватската влада го изгласа тоа на следната седница, пишува „Вчерашњи лист“.

Точното намалување се уште не е одредено, но ова е само првиот чекор кон исполнување на планот на хрватската вицеремиерка Мартина Далиќ, според кој преку голем број на мерки во различни сектори, треба да се подобри административната и регулаторна средина, поточно да се намалат бариерите за водење бизнис во Хрватска.

Покрај економските бенефити,  пониските административни такси ќе им го олеснат патот на граѓаните до издавањето на лични документи. Ако за вадење на пасош сега плаќаат данок од 70 куни (околу 580 денари), наскоро тоа ќе им биде многу поевтино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top