
Американецот Робин Родес (57), кој се декларирал себеси како симпатизер на новиот претседател Доналд Трамп, е уапсен и обвинет, откако нападнал една муслиманка на аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк.
Жената, која е вработена во аеродромските канцеларии на авионската компанија „Делта eрлајнс#, била облечена во својата традиционална облека.
Родес, кој е од сојузната држава Масачусетс, се нафрлил со клоци врз жената, извикувајќи „Трамп ќе ве избрка сите вас од Америка“, а потоа ја ставил во една канцеларија и ја блокирал влезната врата.
Американските медиуми јавуваат дека обвинителството на њујоршката општина Квинс го обвинило Родес за напад врз расна основа, за говор на омраза и за бесправно затворање на жената.
Доколку биде осуден се соочува со затворска казна до четири години.
Во соопштението на компанијата „Делта ерлајнс“ се вели дека во моментот на инцидентот, нивната вработена била во својата канцеларија. Родес насила влегол во канцеларијата и ја натерал да се постави на подот како за молитва.
– Сега Трамп е тука, па сите вие ќе бидете избркани. Одете си во Германија, Белгија или Франција, тие се земји за вас. Ќе видите што ве очекува – викал Родес пред да биде совладан од полицијата и уапсен.
Во соопштението на компанијата се вели дека нападната жена доаѓа на работа со шамија на главата, а понекогаш носи и хиџаб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


