| четврток, 6 декември 2018 |

Kако да се возите со билетите на ЈСП

На денешната прес конференција, директорот на ЈСП, објасни и дека граѓанинот е должен кога ја надополниува неперсонализираната картичка со 250 денари да каже дали купува билет за 10 возења или само надополнува. Во првиот случај билетот важи 10 дена, и чини по 25 денари, а во вториот случај нема ограничена важност, но билетот ја има регуларната цена од 35 денари

JСП апелира граѓаните да не ги фрлаат картичките откако ќе ги потрошат гратис возењата, туку да ги надополнуваат. Ако сакаат само еднаш да се возат со автобус да ги користат мобилните телефони, а ако ги изгубат картичките да пријават на билетарниците и кај службите за да може тие да се блокираат и да им се надополни штетата. Ова на денешната прес конференција го побара директорот на јавното претпријатие, Игор Јанушев.

Доколку изгубената картичката е персонализирана таа се блокира, а на граѓанинот му се дава нова, но ќе тртеба да плати 200 денари.

Грѓаните, пак, кои поседуваат неперсонализирани картички ќе треба да ги чуваат сметките од надополнувањето на картичките бидејќи во случај да ги изгубат картиќките, само со сметката ќе можат да докажат дека картичката им била надополнета со одредена сума на пари. Овие пари ќе бидат внесени во новата картичка која граѓанинот ќе треба да ја плати 150 денари колку што таа чини.

– Тоа значи дека нема да дозволиме да се изгубат парите, тоа и системот ни го дозволува преку проверка на уплатите – појасни Јанушев.

Тој денеска информира и дека веќе е постигнат договор и со телекомуникацискиот оператор ВипОне и од почетокот на март граѓаните ќе можат да плаќаат билет во автобус и преку мобилните од овој оператор. Тој најави и дека наскоро со мобилен во автобус ќе може да се плати билет само со вртење на бројот 185 без пред тоа да се активира услугата MobiPay.

– Практиката покажа дека имаме голем број неуспешни обиди за плаќање со мобилен телефон од 3.030 обиди, 2.000 се неуспешни и затоа на компанијата која го работи софтверот ѝ наложивме да изготви програма со која од секој мобилен телефон ќе може да се плати билет без активирање на услугата за плаќање, туку само со вртење на бројот 185 – објасни Јанушев.

Тој најави дека веќе се работи и на можност за електронско надополнување на картичките, но не беше сигурен кога тоа ќе се случи.
Во врска со реакциите на граѓаните дека не можат да купат билет за само едно возење, Јанушев, посочи дека токму мобилниот телефон е тој кој им овозможува купување на еден билет во автобус.

ЈСП, како што рече, веќе договорила зголемување на продажните места на кои ќе се надополнуваат картичките за дополнително 81 место, преку Мастер дилерската мрежа.

– На територијата на градот ќе има вкупно 180 продажни места на кои ќе можат да се надополнуваат картичките – рече Јанушев.

На денешната прес конференција, директорот на ЈСП, објасни и дека граѓанинот е должен кога ја надополниува неперсонализираната картичка со 250 денари да каже дали купува билет за 10 возења или само надополнува. Во првиот случај билетот важи 10 дена, и чини по 25 денари, а во вториот случај нема ограничена важност, но билетот ја има регуларната цена од 35 денари.

– Билетот од 10 возења е направен како поволност за граѓаните кои редовно одат на работа со автобус неделно по пет дена. Ние одлучивме да им дадеме две поволности билетот да чини 25 денари, но и да трае не 10, туку 15 дена – објасни тој.

Тој уште еднаш појасни дека купувањето на неперсонализирана картичка чини 150 денари, а во јануари со неа гратис може да се вози 5 пати. Веќе од февруари со купената картичка одат само две гратис возења, по што треба да се надополнуваат за износи кои ги сака граѓанинот. Најнискиот е 100 денари, а највисокиот 6.000 денари.

Анализата на податоците за потрошувачката на електронските картички на ЈСП покажала дека само за првите три дена од почетокот на годината од кои два се неработни купени се 30.000 електронски картички. Во првата недела 80.000, а до вчера 140.000 картички. ЈСП има отпечатено 150.000 картички на почетокот на годината, а деновиве, како што рече Јанушев,  треба да пристигнат нови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top