| четврток, 6 декември 2018 |

Истекува рокот за обнова на документацијата за социјална заштита

doku

Денеска истекува рокот за обнова на документацијата за остварување на правата од областа на социјалната заштита. Од Министерството за труд и социјална политика апелираат сите што досега не го направиле тоа да се обратат во најблиските центри за социјална заштита и да се пријават.

Тие со себе треба да носат само лична карта и да дадат изјава за согласност за користење на нивните лични податоци во постапката за остварување на овие права. Сите други документи институциите ќе ги добијат по службена должност од УЈП, Фондот на ПИОМ, Катастарот, од Агенцијата за вработување, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството  и руралниот развој, МВР, Управата за водење матични книги и НБРМ.

Постапката за обнова на документацијата е почната на 19 декември 2016 година. Лани биле регистрирани околу 27 илјади корисници на права од социјална заштита.

Во тек е обновата на документацијата за детските права, односно посебниот додаток за дете, детски додаток и родителски додаток за трето и четврто дете. Обновата ќе трае до 31 март годинава. Лани право на родителски додаток за трето дете оствариле 23.246 корисници, а за четврто 814.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top