Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува документ со кој ќе се укинат санкциите кон Русија, изјави Фабрис Потје од аналитичкиот центар „Атлантик каунсил“.
– Извори соопштија дека администрацијата на Трам подготвува указ за укинување на санкциите кон Русија, напиша Потје на Твитер, јавија руски медиуми.
Тој додаде дека Трамп утре телефонски ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и со канцеларката Ангела Меркел.
Претходно, Трамп изјави дека постои можност да се постигне договор за нуклеарното оружје со Русија во замена за укинување на антируските санкции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.