| четврток, 6 декември 2018 |

Сагосен: Норвешка заслужува да освои медал

Еден од најдобрите млади ракометари во светот и репрезентативец на Норвешка Сандер Сагосен, смета дека неговата репрезентација заслужува медал на Светското првенство кое се одржува во Франција. Норвешка можеби го игра најдобриот турнир во историјата, а во полуфиналето ќе се сретне со Хрватска, меч кој ќе се одигра вечерва со почеток од 20.45 часот.

– На ова Светско првенство играме феноменално и мислам дека заслужуваме медал. На последното Европско првенство во Полска останавме кратки, но мислам дека овој пат имаме сили за нешто повеќе. Во Франција допатувавме многу мотивирани, бидејќи сакаме да станеме прва генерација кој на Норвешка ќе ѝ донесе медал од едно Светско првенство – вели Сагосен.

Низ историјата на големите ракометни настани, досега Норвешка не успеала ниту еднаш да освои медал, а најдобар успех ѝ е четвртото место на ЕП во Полска, минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top