Британските власти го објавија идентитетот на брутално убиениот војник. Станува збор за 25 годишниот Драмер Ли Ригби од Манчестер, татко на двегодишно дете. Ригби беше убиен од двајца имигранти со нигериско потекло кои се обидоа да му ја отсечат и главата.
Убијците веднаш потоа им позирале на случајните минувачи со намера да бидат објавени во британските медиуми. Двајцата беа ранети и пренесени во болница. Полицијата исто така соопшти и дека има уапсено уште две лица- маж и жена кои биле поврзани со злосторството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


