Бранислав Ивановиќ ќе се збогува од соиграчите во Челси и ќе се врати назад во Русија, земјата каде долги години го носеше дресот на Локомотив Москва. Како што јавува рускиот весник „Спорт Експрес“, Санкт Петербург ќе биде новата дестинација на овој фудбалер, откако Зенит ги договорил сите услови за ангажман на искусниот одбранбен играч.
Српскиот дефанзивец го загуби првотимскиот статус откако Конте ја смени таткиката и реши Челси да настапува со само тројца играчи во одбранбената линија, избирајќи ги Азпиликуета, Давид Луиз и Кејхил пред Ивановиќ.
Сериозен интерес за овој фудбалер дојде и од клубови од Италија и од Шпанија, но Србинот на крајот се реши за камбек во рускиот фудбал, пред се поради одличните финансиски услови што му ги понуди Зенит. Имено, Ивановиќ во новата екипа ќе заработи 12,5 милиони евра во следните две и пол сезони, што беше доволен мотив за да ги одбие сите останати понуди и да му се приклучи на тимот што го води Мирчеа Луческу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.