| четврток, 6 декември 2018 |

Загадувањето е од колбасите

Полскиот град Лоѓ решително тргна во борба против смогот со забрана за правење скара на тераси.

И додека Краков или Варшава во деновите кога тешко може да се дише воведоа бесплатен градски превоз и апелираат до граѓаните да не се греат со сето тоа што го загадува воздухот, во Лоѓ на јужниот дел на државата гордо објавија дека се забранува скара на тарасите, сега, во јануари.

– Глупава идеја, во јануари никој не прави скара на тараса – се реакции од граѓаните на Лоѓ во мини-анкетата за приватната телевизија ТБХ24.

На експертите им е апсурдно и смешно. Тие прашуваат зошто објавувањето на одлуката не се почекало до пролет кога жителите на Полска на нивните тераси почнуваат масовно да подготвуваат јадења на скара, најчесто во викендите.

Меѓу 50 најзагадени места во ЕУ дури 33 се во Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top