| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија У21 ги доби противниците во квалификациите за следното Европско првенство

zdrepka u21

Македонската селекција за фудбалери до 21 година утрово ги доби противниците за следните квалификации за континенталниот собир во 2019 година во Италија. Фудбалерите на Боби Милевски, кои веќе ги селектираше на камп во Охрид, ќе се сретнат со Гибралтар, Ерменија, Русија, Австрија и со Србија.

Српската селекција, заедно со Португалија и Шпанија, е наш ривал во групата Б на Европското првенство во Полска во јуни оваа година.

Само најдобрата селекција од овие шест има сигурно место на завршниот турнир, а неколку шест второпласирани селекции ќе играат бараж во ноември 2018 година. Квалификацискиот циклус почнува на 20 март оваа година, а завршува во октомври 2018 година.

Завршниот турнир ќе се игра во јуни 2019 година во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top