Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон има намера да стане телевизиски водител на емисија во која ќе се разговара за актуелни теми. Во емисијата е планирано Клинтон „да поканува лидери од светот и прогресивни мислители“, објави „Дејли меил“.
Весникот објави дека таа информација е од Ед Клејн, коментатор што се повикува на изјави на луѓе блиски до Хилари Клинтон. Претходно, американски медиуми јавуваа дека таа можно е да биде кандаидат за градоначалник на Њујорк.
Доколку повторно биде кандиат за претседател на изборите во САД во 2020 година, и победи – таа ќе има 73 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.