На 80 годишна возраст почина американската глумица, добитничка на Еми, Мери Тајлер Мур, најпозната за нејзината улога во серијата „Дик ван Дајк“, а беше и номинирана за Оскар за улогата во филмот „Обични луѓе“.
Мери починала во придружба на нејзините пријатели и сопругот, Роберт Левин.
Таа е родена во Бруклин, Њујорк, а се преселила во Лос Анѓелес кога имала само осум години, а во шоу бизнисот влегла на нејзини 17 години каок танчерка.
Мур стана популарна ѕвезда на телевизија во времето кога жените најчесто добиваа улоги на домаќинки, па на некој начин таа ги предизвика стереотипите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.