| четврток, 6 декември 2018 |

Десетодишната љубов меѓу Пепе и Реал завршува, познат новиот клуб на дефанзивецот

pepe

Португалскиот репрезентативец, Пепе си заминува од Реал Мадрид по крајот на оваа сезона, пренесуваат медиумите на Пиринеите.

Дефанзивецот посакуваше да ја продолжи соработката со „кралевите“, меѓутоа не го доби она што тој сметаше дека заслужува и на крајот пресече и кариерата ќе ја продолжи во Кина. Имено Пепе бараше двегодишен договор, но претседателот Флорентино Перез и соработниците му понудија соработка на само една година. Тоа ветеранот не го прифати и наредното лето како слободен агент ќе летне на Далечниот Исток.

Според информациите новиот клуб ќе биде Хебеј, а би требало да заработува по 15 милиони евра годишно. Таму одново ќе може да соработува во Мануел Пелегрини, но и да биде соиграч со Лавеци, Жервињо и М’Биа.

Инаку Пепе во Реал дојде во 2007 година од Порто, период во кој два пати ја освои Ла Лига, ЛШ, УЕФА Супер Купот, две светски клупски првенства, Копа Дел Реј и два Супер купа на Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top