| четврток, 6 декември 2018 |

Ни 3600 евра не се доволни за да го сокријат стравот дека Милчин и неговиот газда се разоткриени

 

Милчин, како и другите Соросови структури во Македонија и во светот се во паника и страв за својот шеф. Соочувајќи се со безизлезност во кој се наоѓаат штанцаат текстови и колумни, гостуваат по емисии глумејќи филантропи и борци за слобода, како последен обид за спас. Огромните суми на пари, не можат да ја компензираат неизвесноста откако нивната деструкција е разоткриена на глобално ниво..

Имено откако се  најави процесот на десоросоизација во Македонија, но и опасноста од исчезнување кое им се заканува во светски рамки како Унгарија, Словачка, но и во самата САД организациите на Сорос пукаат по сите шевови.  Дополнително, ако се оди по логиката на предизборните ветувања на pретседателот на САД  Доналд Трамп  може да се заклучи и дека Сорос го чекаат многу тешки денови, односно можно е и негово целосно исчезнување од општествено-политичката сцена во светот.

Во својата најнова колумна за порталот Плусинфо поранешниот прв човек на Сорос Македонија Владимир Милчин го оплакува Џорџ  Сорос  обидувајќи се да ни го претстави како некој филантроп од светски рамки.

 

„Битката за вистината е нерамноправна. Смрдливите бразди на лагите кои непрекинато ги испираат мозоците на граѓаните се претворија во порој од матна вода која се заканува да ги збрише и разумноста и пристојноста. Деспотот не бира средства. Уплашен е толку што шири страв дека е подготвен да ја потопи Македонија пред да потоне самиот“, пишува во колумната Милчин изгледа подзаборавен дека не само во Македонија се случува процес на десоросоизација и не само Груевски, кого го нарекува деспот, најавил десоросоизација. Како што пишавме, работата на Соросовите фондации ќе се преиспитува насекаде низ светот. Ова е ноќна мора за таквите како Милчин.

cia sdsm

„Минатата недела јавноста во Македонија беше потсетена за Соросовиот кредит кој помогна да ја пребродиме нафтената криза за време на грчкото ембарго и санкциите на ОН против СР Југославија. Освен тоа, со тој кредит Сорос даде сигнал дека Македонија е кредитноспособна.“ Пишува Милчин во колумната, но не им кажува на македонските граѓани дека таквиот кредит го платија со промена на државното знаме и грб. Неговото вистинско лице македонските граѓани можеа да го видат уште во 1993 година кога Џорџ Сорос во писмо до македонското собрание кажува какво знаме и грб не би му се допаѓало на светот.

dzordz-soros

„Разбрав дека постои намера сонцето на Александар Велики да се усвои за државен грб. Ако донесете такво решение мислам дека ќе ги загубите симпатиите на светот. За жал и другиот предложен симбол лавот, исто така има негативни импликации“, пишува Сорос во писмото испратено до македонското Собрание.  Напиша Сорос во писмото.

Граѓаните во Македонија и светот веќе не се подлежни на манипулација и воочија дека зад филантропизмот всушност се затскрива безобразен економски шпекулант и човек кој пати за политичко влијание, кое го наметнува врз Владите каде има влијание или кои со помош на своите граѓански организации ги довел на власт.

Факт дека Џорџ Сорос е трговец со политичко влијание, за економска или друг вид на корист се докажа во 2011 година, кога Викиликс обелодени негови мејлови за негова вмешаност во политичката криза во Албанија во 2009 година. За ситуацијата детално пишуваше Дневник минатата година во текстот со наслов „Џорџ Сорос ја вклучил Хилари Клинтон во албанската врска“.  Мејловите откриваат дека предлогот на Сорос за  назначување на медијатор во политичката криза во Албанија меѓу кои се Kарл Билт, Мартин Ахтисари и Мирослав Лајчак, со објаснување дека сите тројца се „силно врзани за Балканот“  е усвоен и Мирослав Лајчак тогаш е назначен за медијатор.

Затоа треба да имаме на ум кога соросовите експоненти во колумни и емисии се претставуваат како борци за слобода и демократија, всушност се борат за политичкото влијание на нивниот шеф кој скапи ги плаќа. Платите од над 3000 евра  месечно за ликовите како Милчин,  Каранфилова-Пановска, Маричиќ и другите нивни активисти се за креирање на политичко влијание за нивниот шеф, кој после ќе може со тоа влијание да се поткусурува со белосветските  моќници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top