Нашата позната манекенка Катарина Ивановска со својот партнер Цобе, со кого веќе неколку години е во врска, го очекува своето прво дете. Иако е во петтиот месец од бременоста, стомачето на Катарина едвај се забележува. Деновиве, таа беше дел од една фотосесија за која позираше во кадифен фустан во боја на смарагд и во мрежести хулахопки.
На поголемиот дел од фотографиите, супермоделот ја поставува раката во пределот на стомакот, но на една од нив се забележува нејзиното трудничко стомаче. И во блажена состојба Катарина, изгледа неверојатно секси.
извор:Вистина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.