Францускиот институт во Скопје во четврток (26 јануари) во 19 ч. по втор пат ја организира Ноќта на идеите во Скопје, во рамките на која ќе гостува еминентниот француски професор и научник Жил Беф.
Ноќта на идеите е на тема „Светот во заедништво“. Се работи за меѓународен настан, една значајна средба посветена на современата мисла и на споделувањето на идеите на светско ниво. Францускиот институт во Скопје во текот на 2017 година ќе организира дебати и средби на четири значајни теми од кои првата средба ќе биде на тема улогата на науката, и токму во рамките на Ноќта на идеите.
Настанот започнува во 19 часот, во ЕУ инфо центарот. Ќе се дискутира на тема „Улогата на науката денес“, а ќе предава Жил Беф, професор на универзитетот Пјер и Марија Кири во Париз и на Колеж де Франс и експерт по физиологија на животната средина и биодиверзитет. Воедно, со свое излагање ќе настапи и г-дин Јордан Шишовски, доцент на Институтот за општествени и хуманистички науки.
На настанот е обезбеден и симултан превод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст