| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатна кражба: Украдена ВЦ-школка вредна 3.120 евра

vc-skolka

Од стан на вработен во Службата за безбедност на „Газпром“ во околината на Москва е украдена ВЦ-школка вредна околу 200.000 рубљи, односно околу 3.120 евра, јавија руски медиуми.

Сопственикот Максим Б. за кражбата ги обвинил работниците, кои ги изведувале работите во неговиот нов стан во Нова Москва, во близина на едно од седиштата на „Газпром“.

– Работниците ја зеле ВЦ-школката и некои делови од санитарната техника. Штетата изнесува 200.000 рубљи, изјави извор од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top