Почетокот на нивната работа е предвиден за во мај 2017 година, а пред тоа тие ќе поминат полициска обука.
Унгарската полиција објави конкурс за прием на 3.000 „ловци на мигранти“ за да им помогнат на десетте илјади војници и полицајци кои патролираат по должината на границата со Република Србија. Овие мерки се преземаат со цел да се спречи влезот на мигранти, објави сајтот вработување.мк
Новите регрути ќе имаат пиштоли со вистинска муниција, спреј за очи, пендреци, лисици и заштитна опрема.
Почетокот на нивната работа е предвиден за во мај 2017 година, а пред тоа тие ќе поминат полициска обука.
Условите кои треба да ги исполнат кандидатите се:
– мораат да бидат полнолетни;
– да бидат во добра физичка кондиција;
– положен психолошки тест.
Нивната плата, во првите два месеци ќе изнесува 150.000 форинти (480 евра), а потоа ќе се зголеми на 220.300 форинти (710 евра).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст