| четврток, 6 декември 2018 |

Другарките се скараа, но вкусот не го сменија (ФОТО)

Поранешните најдобри другарки, манекенката Катарина Ивановска и пејачката Тамара Тодевска, иако се разделија пред две години, набргу по свадбата на Тамара, останаа поврзани. Барем што се однесува до модниот избор во раната бременост.

Тамара првпат ни го покажа мешето во јавност во четвртиот месец од бременоста, во темноцрвен кадифен фустан на настап во ревијалниот дел на „Скопскиот фестивал“.

tamara-todevska-4

Кики, пак, избра многу сличен, темнозелен кадифен фустан за да ни ја соопшти среќната вест. Елегантниот вечерен фустан на Кики е креација на дизајнерката Тамара Стерјова, а фустанот што го носеше Тамара е креација на Ивана Кнез.

katarina ivanovska

Катарина Ивановска празничниот период го минува во Скопје. Но, покрај Новата година, кај неа има дополнителна причина за радост. Супермоделот е во петтиот месец од бременоста.

Катарина со својот партнер Цобе, со кого веќе неколку години е во врска, го очекува своето прво дете.

kiki

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top