| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Лилиќ: Им излеговме во пресрет на сите што сакаа да конкурираат

Им излеговме во пресрет на сите што сакаа да конкурираат, да дадат свој предлог-текст или проект кој сакаат да го работат, изјави Дејан Лилиќ, актер, во отвореното студио на ТВ „Нова“ каде што се разговараше на темата „Како културата ги делеше парите?“

Според Лилиќ, тие се отворени за соработка со секого.

-Кој сака може да дојде, да си донесе проект со соодветна документација и апликации кои мора да бидат пополнети, тука се наоѓа и биографијата, кој е авторот, кратка содржина, драматуршка експликација, режисерска експликација и останатите пропратни елементи, но сето тоа за еден проект делува како еден фајл поголем кој мора да се исполни и сите апликации што ќе ги исполнат критериумите ние како театар ги носиме до Министерството за култура – изјави Лилиќ во отвореното студио на ТВ „Нова“.

Тој потсети на периодот кога беше директор на Македонскиот народен театар.

– Уште во 2010 година, кога бев назначен за директор на МНТ, имав фантастична соработка со Министерството за култура и со министерката Елизабета Канческа-Милевска. Никогаш не сме имале неподдршка на некого и претерана поддршка на некој друг, напротив сме биле отворени за сите тие што сакале да дојдат, да конкурираат, да дадат свој предлог текст или предлог проект кој сакаат да го работат и на сите сме им излегле в пресрет – кажа Лилиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top