Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд го донесе еден од најнадежните млади фудбалери од Шведска.
Се работи за Александар Исак од шведски АИК, кој на само 17 години реши да потпише долгогодишен договор до 2022 година со „милионерите“. Исак, за кого АИК ќе добие 10 милиони евра, ќе пристигне во Германија од наредната година, поради фактот дека уште не е полнолетен и не ги исполнува правилата на ФИФА.
Исак беше мета на шпанскиот великан Реал Мадрид, но сепак, „кралевите“ извисија во битката за трансферот со Дортмунд. Во таборот на „милионерите“, Исак ќе го носи дресот со број 14.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.