Мајмунчето Дино, помалото братче на Лука, починало на операција. Информацијата неофицијално ја потврдија од Зоолошката градина – Скопје, најавувајќи повеќе информации наскоро.
Дино беше од родот павијани, се роди на 10 март 2015 година и го одгледаа вработените во Зоолошката, откако мајка му, не развивајќи мајчински инстинкт, го отфрли. Дино тогаш преживеа благодарение на грижата на негувателите во Зоолошката. Боеше со боички како дете и не заспиваше без своето кадифено мече.
Слична судбина по раѓањето имаше и Лука. Двете мајмунчиња беа миленици на посетителите на скопската Зоолошка градина.
Од „Анима мунди“ велат дека, според нивни информации, мајмунчето починало од сепса, откако добило физичка повреда, отворена рана и скршена нога.
извор „Нова Македонија“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.