| четврток, 6 декември 2018 |

Читателите на роденденска средба со Ана Бунтеска

Годинава Саемот на книгата „Книга во секој дом“ во организација на Клуб Матица започна на 20-ти јануари и ќе трае до 31ви јануари. Во изминатите денови младите и веќе докажани автори, Вера Калин и Ксенија Николова, се дружеа со посетителите, членовите и читателите. Ваквиот начин на комуникација автор-читател, придонесува за зголемување на меѓусебната доверба, а од секоја средба авторот добива дополнителен мотив и инспирација да продолжи со нови наслови и приказни.

Денес, 23.01.2017, во 18.00 часот реномираната писателка, Ана Бунтеска, во Клуб Матица ќе ги потпишува своите „Стави лајк на сопствениот живот“ и најновата „Колку е потребно за среќа“. Точно четири месеци по претпремиерата на „Колку е потребно за среќа“ и на денот на нејзиниот роденден Бунтеска ќе ги сподели зборови и чувствата од своите дела лично со читателите. Ана со години придонесува кон збогатувањето на културниот живот кај нас, со пренесување на емоциите што се дел од секојдневието и реалноста, емоции и чувства што допираат до се повеќе читатели.

Покрај дружењето со Бунтеска во следните денови, читателите ќе имаат можност да се сретнат и со другите млади писатели, Евгениј Хоуп, Марија Лозаноска, Јован Илиески и Драган Јованов.

Саемот „Книга во секој дом“ секоја година го посетуваат повеќе од 30.000 посетители, а покрај во Скопје, љубителите на книгите ќе уживаат и во книжарниците во Охрид, Струмица, Штип, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Куманово, Струга, Гостивар, Неготино, Делчево, Кочани и други градови.

Читањето е феномен на масовната комуникација.

Книгата е пријател, инспирација и учител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top