| четврток, 6 декември 2018 |

Њујорк тајмс: Путин наредил, Русија ќе ги нападне САД со ракети

raketa

– Ударна вест. Од протечената изјава на Владимир Путин произлегува дека Русија ќе изврши ракетен напад врз Соединетите Американски Држави“, било наведено во објава на видео на „Твитер“ во неделата утрото по локално време.

Наскоро весникот соопштил дека акаунтот бил хакиран.

– Отстранивме неколку твитови, објавени без наша одлука ова утро. Поведовме истрага за случајот – објави „Њујорк тајмс“.

Според Хил, профилот на „Њујорк тајмс“ најверојатно бил под контрола на хакерите од групата којашто се нарекува себеси „OurMine“, чијашто активност повеќепати во минатото го привлекуваше вниманието на медиумите.

tvir-nyt

Исто така, преку Твитер оваа група ги објави лажните вести за смртта на британската кралица Елизабета Втора и пејачката Бритни Спирс. Покрај тоа, според медиумите, хакерите од OurMine се вклучени и во упадите на страниците на компаниите Марвел, Нетфликс и Сони.

Претходно во саботата на еден од акаунтите на британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ се појави вест за наводно ранување на новиот американски претседател Доналд Трамп во текот на церемонијата на неговата инаугурација. Подоцна уредништвото објави дека бил хакиран профилот на „Твитер“ и дека повеле истрага за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top