Навивачи од Струга, вкупно 10 добија, кривична пријава поради упад на терен и напад на полицајци за време на фудбалскиот натпревар Караорман-Лабуншта, кој се одигра на 16 месецов.
ПС Струга поднесе кривична пријава за И.Т. (35), А.Т. (31), С.Б. (26), С.Б. (30), Ф.Б. (54), А.Ј.(37), А.О. (35), Р.С. (50), Ѓ.З. (46) и А.А. (23), сите од Струшко, за кривични дела спречување службено лице во вршење службено дејство и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
На 16 овој месец, на градскиот стадион во Струга при одржување на фудбалски натпревар меѓу екипите на ФК „Караорман“ од Струга и ФК „Лабуништа“ од село Лабуништа, Р.С. влегол на теренот и од страна на полициските службеници бил вратен на трибините, при обид да биде легитимиран истиот давал отпор, а при обид да биде приведен полициските службеници биле пресечени од останатите пријавени. Во настанатото нарушување Ф.Б., И.Т., С.Б., и А.О. физички ги нападнале полициските службеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.