| четврток, 6 декември 2018 |

Миновски: Јанева се откажа од првото и првадата, се определи за Заев и го поништи СЈО

Катица Јанева во случајот „Пуч“ можеше да избира помеѓу застапување на доказите обезбедени преку признанието на сега осудениот Ѕвонко Костовски, скајп комуникацијата и писмото од Заев до Верушевски или да премине на другата страна и по втор пат да аболицира лице кое во минатото стори и други кривични дела. Катица Јанева се откажа од правото и правдата и се определи за Заев, ова во изјава за медиумите го порача членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миновски.

Тој од партиската говорница рече дека Катица Јанева и СЈО можеле да избираат помеѓу одговорноста за тоа за кое што се избрани и платени или целосно влегување во политичките игри на СДСМ и ставање во функција на аболицираниот Зоран Заев. Катица Јанева и СЈО, според Миновски одлучија да одиграат пристрасно и политички.

– Во предметот „Пуч“ има бројни докази. Го знае тоа и Катица Јанева и Зоран Заев. Го знае тоа и обвинителството за гонење дела од областа на организираниот криминал и советот кој одлучуваше за правосилност на обвинението. Зоран Заев е загазен во криминал и во судска постапка ќе се докажеше обвинението. Затоа Катица Јанева одлучи да се повлече и да го брани криминалот. Во спротивно самиот Заев ќе бараше во судска постапка да се докаже неговата невиност.
Специјалното јавно обвинителство е политички инструмент на СДСМ. СЈО нема ниту П од професионализам, а непристрасното постапување за нив е непозната именка, рече Миновски.

Во својата изјава членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СЈО не е дораснато на задачата заради која е формирано и самото ја поништи основната причина за негово постоење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top