Временските прилики и денеска и утре ќе бидат стабилни со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 Целзиусови степени.
Утринските температури се движат од -3 до -12 Целзиусови степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од -1 до 7 степени.
Во Скопје и околината утринската температура се движеше до -12 степени, додека дневната ќе се движи околу нулата.
Стабилно време ќе имаме и утре, но кон крајот на денот и преку ноќта се очекува зголемување на облачноста, во западните делови на земјава ќе има повремени врнежи од снег.
Во вторник, во текот на денот се очекуваат повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточниот дел на земјава ќе има услови за врнежи од дожд и снег.
Поради зголемување на облачноста утринските температури ќе бидат во покачување. Повремени врнежи претежно од снег се очекуваат и в среда, но кон крајот на денот ќе престанат. По oделни котлини ќе има појава на магла, прогнозира УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст