| четврток, 6 декември 2018 |

11 најчести женски изговори за избегнување на секс

„Главата ќе ми експлодира“, „Жешко ми е“, „Смрзнав“, „Децата спијат, ќе ги разбудиме“, „Децата се будни, ќе нѐ слушнат“… Ретко која жена може искрено да каже дека не е „грешница“ кога станува збор за смислување изговори за избегнување на интимни контакти.

Иако не се потребни изговори за да ги отфрлиме предлозите кои не ни се допаѓаат, најчесто ги користиме за да не повредиме нечии чувства, особено кога се работи за чувствата на личност која многу ни значи – нашиот сакан.

Па, кои се класични изговори што жените масовно ги користат за да го одложат сексот со партнерот?

  1. „Ќе ги разбудиме децата.“ Дали ова е ваш изговор дури и кога знаете дека децата се во најцврстата фаза од спиењето и ништо не може да ги разбуди? Кого залажувате? Па, сексот не мора да биде гласен, и самите го знаете тоа.
  2. „Ужасно ме боли главата.“ Овој изговор полека, полека започнува да ја губи својата сила, бидејќи најновите истражувања покажуваат дека сексот всушност може да делува како аналгетик и да ја излечи главоболката.
  3. Имам менструација“ Понекогаш жените го користат овој изговор двапати месечно. И секогаш успева.
  4. „Не сум депилирана“. Израснатите влакненца по нозете може да придонесат жената да се чувствува помалку сексапилно, но не ја убиваат машката желба за секс. Повеќето мажи во никој случај нема да ѝ замерат на својата сакана што подзаборавила да го употреби бричот или депилаторот.
  5. „Децата се будни, може да нѐ чујат или да ни влезат.“ Иако не би требало, често децата се причина за постоењето на бракови без секс. Родителите одвреме-навреме мора да изигруваат „криминалци“ и криејќи се да украдат интимни моменти.
  6. „Не сум истуширана/ Не ми се измиени забите“ Па, што чекате? Потребни се само неколку минути за да се подготвите за незаборавно искуство под чаршафите.
  7. „Се прејадов. Не можам да мрдам“. Кој се чувствува секси на преполн и подуен стомак? Сепак, зошто не гледате на светлата страна. Сексот може да ви помогне да согорите дел од калориите кои ги внесовте со последниот оброк.
  8. „Премногу ми студи“. Одлична причина за да одбиете нешто, но не и доколку тоа има моќ да ве згрее.
  9. „Пекол жешко е, ќе се препотиме.“ И што? Туширањето секогаш е добра опција за разладување за време на тропските горештини. Во такви ситуации можеби најдобро решение е секс под туш.
  10. „Не сум расположена.“ Ништо чудно. Кога милиони мисли ви се вртат во главата, а десетици обврски чекаат на вас, сексот паѓа на дното на листата на приоритети. Сепак, не заборавајте дека сексот всушност може да ви го подобри расположението.  Легнете со партнерот еден до друг и обидете се да не мислите на ништо. Контактот кожа-кожа ќе ви ја разгори желбата за физичка интимност.
  11. „Утре мора да станам многу рано.“ Ова е класика меѓу изговорите. Реалноста е дека сексот не одзема многу време. Имате 10 минути на располагање? Значи имате доволно време за секс, а верувајте, следното утро ќе станете со повеќе енергија и насмевка на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top