| четврток, 6 декември 2018 |

Едмонд Адеми со говор на омраза: Трамп е конфликтна личност, на најниско можно ниво

edmond

Членот на ЦО и ИО на СДСМ, радикалотт Едмонд Адеми за Трамп вели дека е конфликтна личност со дезинтегрирачки ставови, склон кон навреди, комуникација на најниско можно ниво, неинформиран и површен.
Овие дисквалификации кон демократски избраниот претседател на САД, со лајк на статусот на Фејсбук ги поддржува Никола Наумоски, братучед на Радмила Шекеринска и долгогодишен активист на Сорос.

Првиот коментар на статусот на Адеми доаѓа од Мухамед Халили, кој исто така е поддржувач на СДСМ, кој меѓу другото се закани со војна и повторување на 2001 година, во статус на својот профил.

-Да им кажам дека во 2001 година Републиканци беа на власт и Трамп го заболе за Македонија или да ги оставам уште да се бламираат, напиша тој.

Под сликата од македонската дијаспора, неговиот пријател Гоце Велески од СДСМ за македонските иселеници вели:

„Сите овие заслужуваат да бидат направени сапун“, на што Мухамед Халили одговара:

„Да нема трага од нив, никаков вид.“

Кон овие оценки за Трамп се придружува и Синоличка Трпкова, долгогодишен поддржувач на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top