| четврток, 6 декември 2018 |

Белата куќа ги отстрани сите ЛГБТ-содржини од интернет-страницата

lgbt-wh1-768x510

Кратко откако Доналд Трамп ја даде својата заклетва и официјално стана 45-от претседател на САД, започнаа да се гледаат промени во политиката кои беа најавени.

Страниците за правата на ЛГБТ заедницата исчезнаа од веб страните на Белата Куќа и од Министерството за труд.

Исчезнувањето може да биде сигнал за тоа какви промени планира да направи новата администрација во САД по однос на ЛГБТ заедницата, пишува The Hill.

lgbt-wh

-Пред само неколку моменти претседателот Трамп се заколна дека ќе им служи на сите Американци, додека истовремено ги избриша се што споменува ЛГБТ заедница. Делот на веб страните за правата на работниците исто така исчезна, изјави претседателот на Кампањата за човекови права, Чед Грифин.

lgbt-wh.png2_-640x507

На ден пред инаугурацијата на Трамп, ЛГБТ активисти облечени во златни комбинезони, со многу светки, нацртани со боите на виножитото на своите лица организираа протест пред домот на новиот потпретседател на САД Мајк Пенс.

Пенс е посветен христијанин, кој како гувернер на Индијана потпиша закон за религиски слободи, кој беше критикуван дека содржи дискриминација за ЛГБТ заедницата, пишува The Hil.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top