– Организирањето на овој музички хепенинг на кој учествуваат сите средни училишта на територијата на општина Гази Баба, е одлична можност за нивно претставување на идните средношколци од оваа општина.
Вие како полуматуранти сега сте пред изборот на вашата идна професија, некои од вас можеби сѐ уште не се сигурни што би сакале да бидат во иднина, па нивниот избор ќе биде гимназиското образование. Но, што и да изберете, треба да знаете дека многу е важно да го сакате тоа што го учите, а подоцна и работата што ќе ја работите да ви претставува задоволство бидејќи само така ќе постигнете добри резултати. Образованието е моќ, односно алатка која подоцна ќе ви ги отвори сите врати и хоризонти пред вас затоа треба да изберете средно училиште каде што ќе го дадете вашиот максимум – истакна градоначалникот Трајановски.
Манифестацијата „Заедно за нови посреќни генерации“ има цел да ги претстави средните училишта од општина Гази Баба пред учениците од основните училишта. На штандовите на средните училишта „Панче Арсовски“, „Михајло Пупин“, „8 Септември“ и „Боро Петрушевски“, основците можеа подетално да се информираат за профилите и насоките што се изучуваат во секое од нив, како и за начините на пријавување и запишување во училиштата.
На овој музички хепенинг со музичко-сценски настап се претставија учениците од сите средни училишта на територијата на општина Гази Баба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




