Денес со почеток во 17 до 19 часот, Светскиот Македонски Конгрес организира следење на инаугурацијата на 45 американски претседател Доналд Трамп во големата сала на Музејот на македонската револуционерна борба.
На заедничкото следење на инаугурацијата на 45. претседател на Соединетите Американски Држави поканети се повеќе невладини организации, Светскиот Македонски Конгрес, Матицата на иселениците од Македонија, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, Сојузот на Македонците со исламска религија, Горанското друштво, Мото клубот Ноќни волци, Граѓанското движење за одбрана на Македонија, Македонскиот манифест, Движењето Стоп операција Сорос и повеќемина македонски реномирани амбасадори.
СМК на настанот ги покани ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и нивните коалициони партнери, како што на 5 јануари 2017 година ги повика на семакедонско помирување и обединување.
Медиумски покровител на настанот е ТВ НОВА, а водител ќе биде авторот на програмата „Гласот на народот“ Слободан Томиќ.
Од Собирот, во 17.30 часот ќе биде упатена семакедонска поздравна телеграма до 45 американски претседател Доналд Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст