Сообраќајот на патиштата низа државата утринава се одвива отежнато по влажни коловози со остатоци од кашест снег.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека забрана за тешки товарни возила има на кракот Маврово-Дебар.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.
Од граничните премини, за излез од Македонија се чека до 30 минути на Деве Баир кон Бугарија, а на останатите премини нема подолги задржувања.
Авиосообраќајот засега се одвива според планираното. Според веб страницата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.