Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му го честита изборот за нов претседател на Европскиот Парламент на Италијанецот и големиот пријател на Македонија, Антонио Тајани.
– Ви благодариме што сте догогодишен искрен пријател на Македонија и на проширувањето на Европската Унија во која треба да свое место да има и Македонија. Вашиот избор за претседател на ЕП е голем успех за централно десните партии и Европската Народна Партија која е наш заеднички политички дом. Благодарни сме на вашата поддршка која ни ја дадовте при вашата последна посета на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ, стои во честитката од Груевски до Тајани.
Во честитката претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изразува надеж дека ќе продолжи соработката.
– Македонија припаѓа во Европа и Македонија останува на својот пат кон интеграција во Европската Унија, стои во честитката која до Тајани ја испрати Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии