Воздушно-вселенските сили на Русија и военото воздухопловство на Турција за прв пат изведоа заедничка воздушна операција против Исламската држава.
Ова го потврди за новинарите началникот на главната оперативна управа на рускиот Генералштаб, генерал-потполковник Сергеј Рудској. Како што пренесуваат руските медиуми, заедничките воени удари биле изведени во сирискиот град Ал Баб, а ова го потврди во меѓувреме и руското Министерство за одбрана.
-Руските и турските воздухопловни сили денес ја изведоа првата заедничка операција во Сирија. Мета беа терористите на Исламската држава кои што имаат окупирано делови од провинцијата Алепо, поточно градот Ал Баб, изјави генерал-потполковникот Сергеј Рудској.
Во операцијата учествувале девет руски авиони – четири Су-24М, четири Су-25 и еден бомбардер од типот Су-34, како и осум борбени авиони на турското воено воздухопловство – четири Ф-16 и четири Ф-4 борбени авиони.
#ISIS cut off #DeirezZor airbase, threaten 120,000 civilians – RT reporter https://t.co/XMEFrjWsMl pic.twitter.com/bKxaOsLKLD
— RT (@RT_com) January 17, 2017
Судејќи според првичните резултати, заедничката операција на руските и турските воздушни сили се покажала како доста успешна.
Покрај операцијата во Ал Баб, друга екадрила на руски борбени авиони учествува во уште една воена операција во близина на градот Деир Ез Зор на истокот на Сирија. Таму руските авиони им помагаат на сириските војници да ја одбијат офанзивата на џихадистите на Исламската држава, а според последните информации, и не успеваат баш во тоа.
Имено, џихадистите со сите расположливи средства ја нападнале последната дефанзивна линија на сириската војска во близина на градот, а веќе била заземена и воздушната база, што значи дека градот Деир Ез Зор кој досега беше под опсада, би можел наскоро да падне во рацете на Исламската држава.
-На сириските цивили им се заканува геноцид, а целата популација на градот Деир Ез Зор би можела да биде збришана, предупреди Рудској.
-Исламските екстремисти се наоѓаат пред портите на Деир Ез Зор, Палмира и Ал Баб. Морам да нагласам дека американската акција против џихадистите во Ирак придонесува тие да пребегнат кон Сирија. Тие слободно се движат и го префрлаат своето оружје од Ирак во Сирија, додаде Рудској.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст