| четврток, 6 декември 2018 |

„Извинете што ве вознемирувам, штотуку ја убив сопругата!“

Со овие зборови 61 годишниот Британец Расел Вортингтон се јавил во полиција. Тој ја пробол својата сопруга со која бил во брак 33 години, откако му рекла дека пилешкото што го зготвил е суво, а потоа објаснил дека го сторил тоа бидејќи таа последните 30 години ужасно го мразела! Жената сепак преживеала!

­-Извинете што ве вознемирувам, штотуку ја убив сопругата. Сеуште е свесна но изгледа ќе умре ­ му рекол на операторот во полиција Расел Вортингтон од Вилтшир откако ја пробол сопругата со кујнски нож.

Тој во полиција објаснил дека „пукнал“ бидејќи неговата сопруга Гејл со која бил во брак 33 години, „последните 30 години ужасно го мразела“.

Повод за нападот биле нејзините забелешки за ручекот кој го зготвил ­ му рекла дека пилешкото му испаднало многу суво!

Кога полицијата пристигнала во нивната куќа, ја нашле жената тешко повредена во кујната, а
мажот како плаче неутешно до неа. На земјата имало празно шише од вотка и крвав кујнски нож.
­
Ве молам спасете ја мојата сопруга, ја прободев во стомакот.Ми се собираше со години, таа ме натера. Многу ќе беше подобро да донесевте полициско куче кое ќе ме изгризе до смрт ­
рекол Расел.

Но Гејл, по пет недели на интензивна нега, ги преживеала повредите од нападот, а нејзиниот сопруг изјавил дека целта не му била да ја убие.

Денеска на судењето на Расел Вортингтон, неговата сопруга го бранела со сите сили, тврдејќи
дека тој никогаш претходно не бил насилен со неа, а нејзе пиењето „ја претворило во чудовиште“.
­
Во таква состојба јас сум невозможна, му викам, го пцујам, признала Гејл. Таа признала дека вечерта кога го навредила била пијана, и пред тој да ја прободе, му нашла забелешки за јадењето и го удрила по глава!

Адвокатот на Расел во судница дури тврдел дека Расел не ја пробол Гејл, туку таа во пијана
состојба налетала на ножот! Судењето ќе продолжи ­ пишува Дејли меил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top