Вчеравечер во 20.30 часот на ул.„Петар Поп Арсов“ во Скопје бил пронајден починат Д.И. (55) од с.Долно Количани.
Смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Пред два дена, исто така, на една од улиците позади ТЦ „Буњаковец“, пронајдено било непознато машко лице на возраст од околу 60 години, кое лежело во бесознание и не давало знаци на живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.