Во Берово во присуство на стотици верници се одбележа традиционалното осветување на водите на реката Брегалница по повод празникот Богојавление-Водици. Од двесетината момчиња кои влегоа за да го фатат светиот крст, најсреќен беше триесет и тригодишниот Николчо Стаменковски од Берово, вработен во АРМ.
– Јас по прв пат го фаќам крстот и навистина, сум среќен. Посакувам овој ден на сите да донесе здравје и бериќет, рече Стаменковски.
Среќниот Стаменковски од компанијата „Зегин“ доби телвизор ЛЦД, додека општина Берово му додели 6 илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.