Дваесетина млади момчиња денеска во реката Брегалница во центарот на Делчево скокнаа по светиот крст на традиционалниот чин на осветување на водите на реката Брегалница. Најсреќен меѓу нив беше дваесет и двегодишниот Сашко Ковачки, вработен во текстилна фабрика во Делчево кој по четврти пат се фрла во водите на Брегалница по светиот крст.
– Еве по четврти пат имав среќа. За мене ова е една убава традиција и посакувам Бога на сите да дава многу среќа, здравје и бериќет во новата година, рече Ковачки.
На среќниот фаќач на светиот крст компанијата „Зегин“ му даруваше бањарка и телевизор ЛЦД, додека градоначланикот на Делчево, Дарко Шехтански му додели 10.000 денари.
– Јас му посакувам на ова момче многу здравје и среќа во животот, а на сите верници од правослана вероисповед им го честитам празникот со желби за личен успех и здравје. Општина Делчево секоја година по традиција доделува парични средства со цел среќниот фаќач на светиот крст да си го одбере она што му е најпотребно, рече Шехтански.
На чинот на осветување на водите на Брегалница и покрај студеното и снежно време присуствуваа неколку стотина граѓани на Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.