| четврток, 6 декември 2018 |

Еден автомобил заврши во Радика, друг на покрив на патот Маврово-Дебар

Едно возило завршило во водите на реката Радика, откако претходно излетало од коловозот кај месноста Сенечки ливади на патот Маврови Анови-Дебар, а друго се првртело на покрив при што четири лица се полесно повредени.

Според информациите на СВР Тетово, утрово околу 7 часот, екипи на „Македонија пат“ кои работеле на расчистување на снегот по регионалниот пат Маврово Анови – Дебар, забележале „опел-корса“ во речното корито, но немало возач ниту патници, ниту во близина, ниту во возилото. Откако бил извршен увид, утврдено е дека возилото има скопски регистерски таблички, но не е познато кој го возел и како се нашло во Радика.

На истиот пат, околу 11 часот, во близина на Врбјански мост, „фолксваген голф“ со косовски таблички во кој покрај возачот имало и тројца патници излетало од коловозот, при што се превтело на покривот. Набрзо по незгодата, четворицата косовски државјани биле згрижени во гостиварската општа болница. Материјалната штета се проценува на околу 300.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top