| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија славеше и е на чекор од осминафинале, Катар сигурен против Аргентина

ungarija

Унгарската репрезентација ја оправда фаворитската улога и во рамките на 4. коло во Ц групата на Мундијалот во Франција ја совлада Саудиска Арабија со убедливи 24-37 и е на чекор од пласман во осминафиналето, а за тоа и е потребно победа во последното коло против селекцијата на Белорусија.

Избраниците на Чави Сабате водеа во текот на сите 60 минути и лесно прокнижија нови бодови. Во победничката селекција се истакнаа Часар со 9 и Ѓилеш, Лекаи и Баниди со 4 гола. Најефикасен во таборот на Саудиска Арабија, која ја води Хрватот Кљаиќ, беше Алмошин со 7 постигнати гола.

egipet rakomet

Аргентина по вчерашниот дебакл и поразот од Катар во меч во кој „гаучосите“ постигнаа само два гола во едно полувреме, денес загуби и од Египет со 26-31 (10-13) во рамките на 4. коло од групата Д во Нант. Најдобри поединци во таборот на африканскиот шампион беа Санад, Елбасиуни и Шебиб со по 5 гола, а кај Аргентина се истакна Федерико Виера со 12 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top