Производителите од битолскиот дел на Пелагонија завршуваат со предавање на тутунот од годинашната реколта. Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до денеска се откупени над 80 отсто од количините и се очекува до крајот на неделата откупот на тутунот целосно да заврши.
Цената варира зависно од квалитетот и просечно се движи од 180 до 190 денари по килограм.
– Во Пелагонија беа засадени 1.800 хектари тутун, а се откупени 1.700 од максимално очекуваните 2.500 тони. Процесот на примопредавање и откуп го следи посебна петчлена комисија, го набљудува проценувањето на квалитетот и одредувањето на цената. До денеска не е регистрирана нити една забелешка од страна на тутунопроизводителите за откупниот процес, велат од Подрачната единица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.